Пешак се здобил со тешки телесни повреди откако битолчанец во него удрил со „Фолксваген голф“

На 16.12.2018 година околу 00.05 часот во Битола на крстосницата на булевар „1-ви Мај“ и улица „Македонски гемиџии“, С.У.(21) управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешакот С.К.(58). На С.К. му била укажана лекраска помош во Општа болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.