Скопски мангуп 54 годишен претепал жена од 43 години поради кавга за паркинг

Во 13:20 часот 43-годишната М.Т. од Скопје пријавила дека околу 12:30 часот на паркинг на улица “Св. Кирил и Методиј” од страна на непознато машко лице била физички нападната поради недоразбирање околу паркирањето.

По преземени мерки констатирано е дека сторител е 54-годишниот И.К. од Скопје и против него е поднесен соодветен поднесок.