Филипче со информации од болницата во Лесковац:14 луѓе се спремни за транспорт во Македонија

По информациите за сообраќајната незгода која утрово се случи во близина на градот Лесковац во Србија, вечерва…

Публикувахте от Венко Филипче в Неделя, 16 декември 2018 г.

По информациите за сообраќајната незгода која утрово се случи во близина на градот Лесковац во Србија, вечерва пристигнав во болницата каде се сместени дел од повредените.

Лекарите од болницата во Лесковац максимално водат грижа за македонските пациенти кои настрадаа во оваа сообраќајна незгода. Повредените се соодветно сместени во добри услови и им се дава соодветна помош, а за оние кои поминаа со помали повреди веќе се обезбедува нивно враќање во Република Македонија.

Имав состанок со директорот на болницата во Лесковац, Небојша Димитријевиќ, кој детално ме информираше за состојбата на повредените македонски државјани.

Во болницата во Лесковац моментално се сместени 8 пациенти и ниеден од нив не е во животна опасност. Сите се задржани на опсервација, додека не се подготвени за транспорт назад во Скопје. Има уште 6 пациенти кои се нешто посериозно повредени и кои се префрлени во Нишката болница.

Сакам да им се заблагодарам на директорот и градоначалниците на Лесковац и Ниш кои изреагирале многу професионално, и во тешки услови и снег пружале прва помош за сите наши пациенти, за жал на некои од нив на лице место им била константирана смрт.

Околу 14 луѓе сега се сместени во хотел и спремни се за транспорт назад во нашата земја.