За празникот Свети Никола во Прилеп подготвени се 70.000 сармички

Општина Прилеп традиционално по 13 пат, годинава е организатор на чествувањето на градската слава „Свети Никола“. Домаќин на чествувањето, поточно кум на градската слава овој пат е фамилијата на градоначалникот Илија Јованоски.

Од општината најавија дека годинава патрониот празник на градот, ќе се чествува во духот на еднаквоста и хуманоста, без поделби на богати и сиромашни, односно без свечени ручеци во ресторани.

Прилепските домаќинки, коишто со години го подготвуваат проверениот рецепт за посни сарми, од изутрината во салата на хотелот „Липа“ виткаат речиси 70.000 мали посни сарми.

„Една прилепчанка ако не завитка 1000 сарми, таа не е прилепчанка. Прилепчанките се единствените традиционални жени, и тие ја почитуваат виситнски традиицијата. Се слави во куќите во домашна атмосфера, се е направено од рацете на домаќинката. И ние, дома чекаме гости, ќе ни дојдат за овој ден од сите страни, и од странство. Денеска сигурно овде ќе свиткаме 40.000 сарми. Ние можеме тоа да го направиме со љубов и домаќински“, вели Љубица Петреска, од организацијата на жени „Мајка Традиција“ од Прилеп.