Кривични пријави за тројца битолчани за кражби низ Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против тројца битолчани за девет кривични дела „тешка кражба“ и за едно дело „тешка кражба во обид“.

Тие во периодот од јули па речиси до крајот на октомври на подрачјето на Охрид во маркети, магацин, спортска обложувалница и кафе бар, со алат и физичка сила ги отворале влезните врати и украле пари, разни видови на цигари и други колонијални производи, со што се стекналe со противправна имотна корист од 805.000 денари.