Нема одлагање!Законот за трговија на зелените пазари ќе стартува од први јануари

Министерот за економија Крешник Бектеши е дециден дека нема простор за одлагање како што вчера јавно побараа пазарџиите, но им вети дека доколку најдат заедничко решение за измени во законот, тие би се случиле во текот на следниот период.

Законот за трговија на зелените пазари ќе стартува од први јануари.Во моментот кога ние како министерство и истовремено во разговори со коморите ќе видиме дека има недостатоци во реализацијата на законските одредби, секако дека ние ќе му предложиме на Собранието да одиме на измени и дополнувања на законот“, рече министерот Бектеши.