Во Штип се одбележа партонот на градот Свети Никола

Со света архиерејска литургија во соборниот храм Свети Никола на која чиночалствуваше поглаварот на МПЦ господин господин Стефан општина Штип денес продолжи со одбележување на патронот на градот Свети Никола заштитник на морепловците, децата, сиромашните, патниците.

„Никогаш да не престанеме да го молиме застапништвото на Св Никола за сите, и засекогаш верно да го чуваме неговиот светол пример честит празник“ изјави гг. Стефан поглавар на МПЦ

Православните верници утрово ја проследија светата литургија во соборниот храм се помолија за здравје, среќа и благосостојба.

Посакувам здравје среќа и бериќет, вечна слава и лестит празник посакаа анкетираните граѓани

Одбележувањето на патронот на градот продолжи со литија до  градскиот плоштад каде што митрополитот на брегалничката епархија господин Иларион заедно со градоначалникот Благој Бочварски го кршеа празничниот славски колач.

Овој празник се славел низ вековите и кога сме биле во робство и кога денес имаме држава  и автокефална црква. Му благодариме на бога изјави г.Иларион  митрополит на Брегалничка епархија

„Нека ни е честит и вековит патронот на градот. Заедно да ги негуваме различноститеи да го надградуваме богатството на традицијата“ изјави Благо Бочварски Градоначалник на Штип