Драма на автопат: Полицијата сакала да сопре Опел, настанала филмска бркотница

Во 21,45 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на тунелите кај Демир Капија, од страна на полициски службеници при даден знак за запирање на патничко моторно возило „Опел астра“, возачот кој го управувал возилото не застанал и продолжил со движење кон Скопје, а кај клучка Демир Капија се упатил кон село Корешница, каде застанал.

Во возилото биле пронајдени три лица од Авганистан.

По преземени мерки, биле приведени Д.Р.(18), кој го управувал возилото и Е.Ј.(21), кој бил сопатник во истото, двајцата од Арачиново, скопско.