Прилепчанец со Тико се превртел кај Могила

На 19.12.2018 година во 00,05 часот на патниот правец Битола – Прилеп, пред клучка Могила, 21 годишно лице од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Тико“ со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и тоа се превртело . Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.