Љубовен хороскоп за јануари 2019 година: За Стрелците и Раковите, вистинската љубов само што не пристигнала!

Овен

Што се однесува до љубовта, ситуацијата би требало да биде стабилна за повеќето луѓе родени во овој знак. Новогодишната ноќ нема да донесе некои преголеми промени. Обидете се да ги искористите празниците на најдобар можен начин и да ги минете со луѓето кои највеќе ги сакате и кои ве сакаат вас. Празниците брзо проаѓаат и брзо се враќаме во хаотичноста на животот, такашто застанете малку и посветете им се на саканите и на партнерите. Тие луѓе се секогаш тука за вас и секогаш имајте го тоа на ум!

Бик

На љубовен план можни се мали турбуленции, па така слободните Бикови уште во првите денови во јануари би можеле да запознаат интересна личност со која би можеле да започнат сериозна врска. Зафатените Бикови не би требало да имаат некои посериозни тешкотии. Најважно е да не заборавите да им покажете љубов на своите партнери, затоа што на сите им е потребно малку љубов, нежност и внимание.

Близнаци

Овој јануари би можел да ви донесе силна енергија и љубов. Не ги одбивајте новите енергии кои доаѓаат, туку прифатете ги со раширени раце и сакајте ги луѓето околу себе, а особено вашите партнери и семејството. Иако никој од нив не е совршен, сите се добри баш такви какви што се и има причина поради која се покрај вас. Имајте разбирање за сите и покажете им љубов. Ќе се изненадите колку љубов ќе ви возвратат. Сепак, некој мора да го потегне првиот потег.

Рак

Некаде околу средината на јануари, огромна е шансата за слободните Ракови да ја запознаат љубовта на својот живот. Кога ќе се смири празничната еуфорија, баш тогаш е вистинското време за нова љубов. Поголемиот дел од Раковите кои се во сериозна врска или брак, баш во овој месец ќе доживеат вистинско љубовно исполнување, мир и стабилност во своите односи. Освен тоа, потрудете се да минувате повеќе време и со останатите членови на вашето семејство и да им ги разубавите празниците на сите.

Лав

Овој јануари ќе биде многу поактивен од декември. Во декември се подготвувавте за празниците и новата година, па и немавте многу време за љубов, но затоа јануари ќе биде совршен месец за тоа. Сите слободни Лавови ќе имаат одлична можност да запознаат нова личност уште во првите денови од јануари. Голема е шансата оваа врска да биде крунисана и со брак по одредено време.

Девица

На љубовен план нема некои големи промени за зафатените луѓе родени во овој знак. Но, сосема е можно слободните Девици да се заљубат, но дури на крајот на јануари. Во првата половина од месецот треба да одвоите доволно време за саканите членови на вашето семејство, а љубовта ќе се појави кога најмалку ќе очекувате, но истовремено кога и емотивно ќе бидете најподготвени.

Вага

Вашиот најголем проблем е што премногу се грижите за другите луѓе. Иако тоа доаѓа од вашето срце и емпатија со нивните проблеми, не дозволувајте некој до толку да влијае на вас што ќе ве извади и вас од колосек. Обидете се да ја промените својата енергија и да акумулирате доволно позитивна енергија со која ќе можете да им помогнете на другите.

Скорпија

Овој месец обидете се да бидете практични. Некако како да заборавивте како е да се биде романтичен и заљубен. Обидете се повторно да ја разбудите таа страна од вас. Вашиот партнер ќе ви биде неизмерно благодарен. Посветете повеќе време на вашето семејство.

Стрелец

Вистинската љубов никогаш не била поблиску. Дозволете љубовта да ви се случи и можеби овој месец ќе ја запознаете љубовта на својот живот со која заедно ќе започнете и заеднички живот. Ослободете се од предрасудите и отворете го умот и во тој случај ништо нема да биде невозможно! За оние кои се во врска или брак, се ќе си биде мирно и спокојно, без турбуленции. Чувајте се од ситни кавги некаде околу крајот на месецот.

Јарец

На љубовен план можни се поголеми турбуленции некаде при крајот на месецот. Можни се кавги во браковите и врските. Не дозволувајте тоа да ве извади од колосек, секогаш имајте на ум кои се вистинските вредности и зошто сте се заљубиле во вашите партнери. Сетете се на нивните најдобри квалитети, не се вртете во круг. И вие обидете се да бидете најдобри што можете, а вашиот партнер природно ќе ве следи и ќе биде најдобар што може.

Водолија

Сѐ се одвива по вашиот план и така ќе биде до крајот на месецот. Не очекувајте големи промени, освен во ретки случаеви. Слободните Водолии ќе мораат да почекаат уште малку за да ја запознаат љубовта на нивниот живот, додека пак зафатените ќе уживаат со своите партнери за време на празниците.

Риби

Сѐ ќе зависи од тоа што сакате од љубовта. Ако сакате нов партнер, сосема е можно да го остварите тоа во втората половина на јануари. Ако сакате да го подобрите односот со партнерот, можете да го направите и тоа. Затоа, размислете и одлучете што сакате, затоа што овој месец може да се оствари сѐ она што ќе го посакате.