За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура

Од УХМР известуваат дека времето претпладне ќе биде претежно облачно, во крајните западни делови со слаби врнежи од дожд и снег, а ќе има услови и за појава на замрзнат дожд. Попладне облачноста ќе се намалува.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата.