Сиднеј го погоди град со големина на тениски топчиња

Вистинска природна непогода го погоди австралискиот град Сиднеј. Град со големина на тениски топчиња ги вознемири жителите на Сиднеј, а сè уште траат точните проценки за настанатите штети, кои се проценуваат со милиони австралиски долари. Голем број на автомобили и на инфраструктурни објекти беа оштетени, а граѓаните изненадени од оваа појава која не се случува често во Австралија.