НСП одржа трето редовно годишно собрание, министерот не дојде

Одржано Третото редовно годишно Собрание на НСП

На ден 22.12.2018 година Независниот Синдикат на Полицијата во големиот Амфитеатар на Факултетот за безбедност во Идризово го одржа III редовно Годишно собрание. Собранието се одржa со цел редовно функционирање на работата на Независниот синдикат со сите Синдикални организации и Синдикални подружници во Полицијата, Шумската полиција и администрација, во Судската полиција и Затворската полиција и администрација кои се формирани и регистрирани со Решение на Централниот Регистар на Р.М.

На Третото редовно Годишно собрание изгласан е новиот Статут на НСП кој е усогласен со Статутите на Полициските синдикати од повеќето Европски држави , според кој утврдена е новата функција „Помошник Генерален Секретар на НСП“ со која е избран да раководи нашиот колега Мартин Ефремов за што му посакуваме успешна работа.

Една од поважните одлуки кои се донесени е и одлуката за формирање на „Претседателство на НСП“ кое ќе го сочинуваат сите Претседатели на Синдикални организации. Се избра и „Надзорен Одбор“ кој ќе биде задолжен за контрола и надзор за материјално-финансиското работење на НСП.

На Третото редовно Годишно собрание учествуваа претставници на Полициските Синдикати од Србија – НПСС и УГС „Независност“, Бугарскиот – ССЗБ, Албанија – С.П.П.СХ и Словенија – СПС, кои имаа свои излагања и кои ни дадоа огромна безрезервна подршка во борбата за остварување на нашите права.

Исто така на Собранието беа поканети и неколку Министри од актуелната Влада на РМ но истите не не одостоија со нивно присуство. НСП во иднина засема став подржан од сите присутни на Собранието за достојно бранење на правата на своите членови, подобар стандарт и подобри права.- велат од НСП

текстот е превземен од официјалната веб страница на НСП nsp.com.mk