Битолчанец физички нападнат од три лица

На 31.12.2018 година во 09.20 часот С.К.(50) од Битола пријавил дека на 28.12.2018 година на улица “Илија Николовски Луј” во Битола бил физички нападнат од страна на три лица. На С.К. му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.