Тепачка во кафе бар во Битола

На 01.01.2019 година во 00.55 часот е пријавено дека во кафе бар лоциран во старата битолска чаршија нарушен е јавниот ред и мир со тепачка од неколку лица. О.Ш.(18) побарал лекарска помош во Клиничка болница Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.