Физички нападнат таксист во Битола

На 31.12.2018 година  во 23.30 часот такси возач Д.К.(42) од Битола пријавил дека околу 21.45 часот отишол на улица “Козара” во Битола да земе патници но бидејќи биле поголема група на лица одбил да ги превезува и истите физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.