Сообраќајот се одвива по влажни коловози, внимателно возете

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.

„Снег со среден интензитет паѓа во Маврово,Дебар, Битола, Ресен, Крушево, Кочани, Делчево и на планинските превои Стража,Буково,Ѓавато и Плетвар.

На регионалниот пат Р-1203 од с.Рогачево до г.п.Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

На планинскиот превој Ѓавато задолжително е употреба на зимска опрема ( ланци )“, велат од Македонијапат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.