Во Скопје и Струмица на првороденото бебе во Новата година општините му подарија по 20. 000 денари а во Битола по 10. 000 денари

Иако се родени како први бебиња во Новата година во нивните општини за подарок од градоначалниците добиваат различна сума пари. Според податоците од официјалните веб страници на локалните самоуправи најмногу пари на првородените деца во годината им се даваат во Скопје и Струмица по 20.000 денари на штедна книшка, во Прилеп 15.000, Велес 12.000, а во Битола, Охрид и Штип градските татковци поклонуваат по 10.000 денари. Ваква традиција нема во Гостивар, ниту во некои помали градови каде впрочем нема и родилишта.

Ги прашавме граѓаните од повеќе општини што мислат за различната сума на пари за првородените деца во годината.

Дел од локалните самоуправи со кои исконтактиравме велат дека висината на паричната награда била иста години наназад, а други пак сметаат дека секоја општина во зависност од буџетот сама си одлучува дали и колку пари ќе одделува за оваа традиција.

Александар Динев