ДЗС апелира до сите Градоначалници и единици на Локалната самоуправа , чистете го снегот!

Дирекцијата за заштита и спасување и нејзините Подрачните единици будно ја следат состојбата со временските услови во целата земја.
Воедно, ДЗС апелира до сите Градоначалници и единици на Локалната самоуправа да ги превземаат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување.