Христос се роди ! Честит Бадник и Божик од Новост.мк

Почитувани православни христијански верници и драги пријатели ценети наши читатели , срдечни честитки за денешниот голем ден Бадник – празникот на радоста и сплотеноста пред утрешниот голем христијански празник Рождество Христово Божик. Со особен пиетет кон Празникот на животот, ви посакуваме среќен и благословен Божик. Нека Христовото свето дрво и овој блажен ден ви подарат во телото здравје, во душата мир, простување и милосрдие, во мислите спокој, во срцето радост, во љубовта среќа, како и катадневна светлина, топлина и веселба во вашиот дом и семејство.

Христос се роди!