Денес и официјално нема да има седница.Седницата за уставните измени е одложена за утре во 12 часот

Собраниската седница за уставните измени согласНо Договорт од Преспа со Грција, по неколку денешни одложувања, конечно е одложена за утре во 12 часот, пренесува САКАМДАКАЖАМ. Иако е најавена седницата, не е исклучена можноста и утре истата да иде одложена.

Неофицијално, седницата што требаше да почне во 13 часот, не почна затоа што нема двотретинско мнозинство оти уште се преговара за барањата на тетовското крило на Беса на Билал Касами.

Пред Собранието и денеска протестираат од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“, а на посебна импровизирана бина се очекува да говори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чиј говор беше најавен за 15, па за 16.30 часот.

Премиерот Зоран Заев денеска за преговорите со Беса на Касами рече дека се разговара околу техничката формулација на државјанството „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“ во уставните измени, предвидени со Договорот од Преспа. Како што кажа Заев, станува збор за игра на зборови.

Повеќе прочитајте на САКАМДАКАЖАМ.мк