МВР поднесе кривична против прилепчанец, објавил на Фејсбук закана по живот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Прилеп презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на М.С. (40) од Прилеп, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 12.01.2019 М.С. е повикан на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесена кривична пријава.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk.
извор Дневен билтен МВР