Хеликоптер на АРМ достави потребни прехранбени и материјални средства кај Танушевци, Брест и Малино маало

На барање на месното население од селата Танушевци, Брест и Малино маало,
денес хеликоптер на АРМ достви потребни прехранбени и материјални средства на месното население во селата Танушевци, Брест и Малино маало. Во активноста учествуваа припадници од АРМ и припадници на „Црвен Крст“. Беше превезен товар од 1000 килограми во населените места Малино мало и Брест. Поради лошите временски услови (магла) во с. Танушевци не се однесени прехранбени и материјални средства на месното население.