Законот за јазиците е објавен во „Службен весник“

Претседателот на Собранието, Талат Џафери,  на својот официјален профил на Фејсбук објави дека Законот за употреба на јазиците, или во јавноста познат како Закон за албански јазик, е објавен во „Службен весник“. Ова значи дека законот и официјално стапува на сила.