Кирацовски:Продолжуваме заедно да работиме за силна, просперитетна и напредна Македонија

Истрајноста, трпеливоста и мудроста се наши сојузници кога се бориме за животот на идните генерации, за судбината на државата, за благосостојбата на општеството.

За некои одлуки треба визија, храброст и решителност.
Владата на Република Македонија, на чело со премиерот Зоран Заев и парламентарното мнозинство во Собранието на Република Македонија недвосмислено се издигнаа над личните и партиските интереси за да се остварат државните и националните стремежи.

Во овие историски моменти трасираме нов пат за иднината на нашата држава.
Македонци, со зачуван македонски идентитет, кои говорат македонски јазик стануваме дел од евро-атланското семејство.

Продолжуваме заедно да работиме за силна, просперитетна и напредна Македонија.

Фотографија на Aleksandar Kiracovski.