Состојба по врнежите од снег 14.01.2019 (до 15:00 ч.)Битолски регион

Битолски регион

Во општина Демир Хисар не е исчистен само регионалниот патен перавец за с.Боиште, кој е прооден само со теренски моторни возила. Во општина Прилеп во наслените места Полчиште, Бешиште, Прилепец, Дрен и Смолани во текот на денешниот ден ќе биде пратена механизација за расчистување.- соопштува ЦУК

Скопски регион

Локалните патни правци кои водат кон селата Брест и Малино, не се проодни. Патниот правец што води кон с.Танушевци е исчистен но поради обилните снежни врнежи кои почнале да врнат од утринските часови се очекува исстиот да биде блокиран повторно. Село Танушевци е сеуште без електрична енергија.

Охридски регион

Во опш.Струга сите локални патни правци во надлежност на општина Струга се проодни за сообраќај освен патниот правец од с.Присовјани до хидроцентралата Глобочица. Штипски регион Локалниот пат кон с.Почивало е непрооден и во моментот се работи на негово расчистување.

Кумановски регион

Тешко пристапни населени места во општина Куманово се селата Которлкот, Пезово, Кутлибек, Кокошиње, Градиште, Скачковце, Колитско, Косматац, Мургаш, Довезенце, Јачинце, Бељаковце, Сопот и Табанповце. Горенаведените села не се отсечени кон нив можат да се движат теренски возила. Во општина Старо Нагоричане тешко пристапни се селата во Козјачијата: Малотино, Мгленце, Буковљане, Дренак, Длабочица, Жељувино и Цветишница кон Бајловце. Во општина Липково тешко пристапни се селата во Карадачијата: Гошинце, Лукаре, Брез, Руница и Стрима. Во општина Крива Паланка, регионалниот пат Ранковце – с.Герман е прооден во зимски услови. Регионалниот патен правец Крива Паланка – с.Огут е прооден во зимски услови. Регионалниот патен правец Крива Паланка – с.Луке е прооден во зимски услови. Локалниот пат од с.Дурачка река м.в.Метоф кон с.Дренак е непрооден. Во општина Ранковце локални патишта се проодни во зимски услови, освен локалните земјени патишта кон с.Криви Камен и с.Петралица – с.Баратлија.

Тетовски регион

Во општина Маврово – Ростуше патните правци до селата се проодни во зимски услови, освен локалниот пат до с.Сретково.

Велешки регион

Во општина Велес има пријавено тешко проодни патни правци кон селата Ораовец, Сујаклари, Кумарино и Мамутчево.