На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот

На 18 јануари се слави празникот Водокрст.  Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.

Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Богојавленски Водокрст

До 5-ти век, имало обичај раѓањето и кршетвањето на Синот Божји да се празнуваат во еден ден – 6 јануари, и тој празник се нарекувал Теофанија – Богојавление, што зборувало за воплотувањето на Христос во светот и за јавувањето на Света Троица во водите на Јордан. Пренесувањето на празникот на Раѓањето Христово на 25 декември (по Јулијанскиот календар, или по стар стил) било подоцна, во 5 век. Така, бил поставен почетокот на новата црковна појава – свјатки (свети, Божикни денови, а НЕ некрстени, како што од суеверие се нарекуваат) кои завршуваат со навечерието, или сочелникот на празнувањето на Водици.

Зборот „навечерие“ го означува предвечерието на црковното торжество, а второто име е – сочелник (или сочевник) поврзано со традицијата во тој ден да се вари пченица со мед и суво грозје – сочиво.

Заради важноста на она настаните во животот на Исус Христос, кои се случило на следниот ден, Црквата востановила пост. Токму оттаму се појавила и традицијата да се вари сочиво, која не е задолжителна, но е толку удобна што влегла во традициите насекаде. Се разбира, во денешно време немаат сите таква можност, но да се запази постот, сепак е неопходно: „Така, поткрепувани од Божјата благодат, да се ослободиме лихоимството“ ни вели Типиконоот. Под лихоимство се подразбира сè, што се вкусува над потребите, и мерило тука нека му биде секому неговата совест.

Мерата на постот, верниците ја определуваат индивидуално, по силите и благословот на духовникот. Во овој ден, како и на Бадник, не се вкусува храна до изнесувањето на свеќата после Литургијата утрото и првото причестување со Богојавленската вода.

Во сочелникот, после литургијата, во храмовите се прави Голем водосвет на водата. Водосветот се нарекува голем, заради посебната торжественост на обредот, проникната со спомнување на евангелскиот настан, кој станал не само праобраз на таинственото миење од гревовите, ни и вистинско осветување на самата природа на водата преку потопувањето во неа на Бог во тело. Таа вода се нарекува Агиазма, или едноставно Богојавленска вода. Под влијание на Ерусалимскиот типик,  од 11-12 век, водосветот се прави два пати – и во Богојавленскиот сочелник (Водокрст) и непосредно на празникот Богојавление. Осветувањето во двата дена се прави со истиот чин, затоа водата, осветена во тие денови, во ништо не се разликува.

Постои благочестива традиција, во тој ден да се ороси со Богојавленската вода својот дом, со пеење на тропарот на Богојавление. Богојавленската вода, цела година се употребува нагладно во мали количини, обично заедно со парче нафора „за сили, кои здравјето го поткрепуваат, болестите ги исцелуваат, демоните ги прогонуваат и сите непријателски напади ги одвраќаат, да можеме да добиеме од Бога“.

Притоа, се чита молитвата: „Господи Боже мој, да ми биде Твојот свет дар и Твојата света вода за ослободување од гревовите мои, за просветлување на мојот ум, за зацврстување на душевните и телесните мои сили, за здравје на душата и телото мое, за покорување на страстите и слабостите мои по бескрајната Твоја милост, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка и сите Твои светии. Амин“. При болести или напади од злите сили водата може и треба да се пие, не колебајќи се, во секое време.

Посебно својство на светата вода е тоа, што, дури и во мала количина додадена на обична вода, таа ѝ ги соопштува благодатните својства и нејзе, и затоа во случај на недостиг на света вода, можете да додадете обична.

Не смее да се заборави, дека светата вода – е црковна светиња, со која се допрела благодатта Божја, и која бара посебен благоговеен однос. При благоговеен однос, светата вода не се расипува многу години. Треба да се чува на одделно место, најдобро покрај домашниот иконостас.

Во она време, кога Јован Крстител проповедаше на бреговите на Јордан и ги крштеваше луѓето, Исус Христос наполнил триесет години. Тој исто така дошол од Назарет на реката Јордан кај Јован, за да добие од него крштение. Јован пак, сметајќи се недостоен, за да го крсти Исус Христос почнал да Го задржува, велејќи: „јас треба од Тебе да се крстам, а Ти при мене ли доаѓаш?“. Но, Исус му одговорил: „остави го тоа сега“, то ест, не задржувај ме сега „зашто нам ни претстои да јја исполниме секоја правда“ – да исполниме сè од Законот Божји и да им покажеме пример на луѓето. Тогаш Јован се потчинил и Го крстил Исус Христос. После крштението, кога Исус Христос излегувал од водата, одненадеж се одврзала (отворила) над Него небесата; и Јован Го видел Духот Божји, Кој во вид на гулаб се спуштил на Исус, а од небото се чул гласот на Бог Отецот: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја“.