Момче повредено со нож во ресторан во Битола

Синоќа еден час по полноќ, во полициската станица во Битола било пријавено дека 25-годишно момче со нож било повредено на левата подлактица додека бил во еден битолски ресторан.

Според пријавата напаѓачот е исто така битолчанец со иницијали В.К.

Како што информираа од полицијата по преземени мерки В.К. бил приведен во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.