ЏФФ – Битола добил 0 денари од култура, бараат Адеми да ја преиспита одлуката

Со објава до јавноста, од ЏФФ фестивалот од Битола бараат преиспитување на одлуката со која добиле 0 денари од годишната програма на министерството за култура. Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук тие пишуваат:

За жал по објавувањето на резултатите од конкурсот по Годишната програма на Министерството за култура нашиот фестивал е поддржан со точно 0 ден.
Доколку постои разум сеуште во комисиите на оваа институција финансирана од наши пари, БИТОЛА на сцената на Народен Театар ќе ги проследи концертите на:
Теодосиј Спасов (БГ),
Тони Китановски (МКД),
Васко Атанасовски Трио (СЛО),
Арменд Џафери Трио (КОС),
Џоле Грујовски Квартет (МКД),
Кабадајас (МКД)
и дополнителни 3 концерти во страничната програма, 2 работилници, и промоција на 4 нови џез изданија од Македонски автори.
Во интерес на културата и нејзина децентрализација бараме од ресорниот министер да ја преиспита одлуката нашиот фестивал да биде отфрлен од годишната програма.