Во акцијата на МВР: Уапсени околу 20 терористи, запленето оружје

Полицијата уапсила околу 20 припадници на ИСИС, на кои им е определен притвор, дознава 24 Инфо. Според неофицијални информации, полициската акција била изведена утрово околу 5 часот во повеќе градови во земјава, а запленето е големо количество на пешадиско оружје.

МВР вечрва излезе со соопштение дека бил спречен терористички напад од припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, а по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја. По МВР се огласи и амбасадата на САД, од каде преку соопшение ги предупредија своите граѓани да бидат внимателни поради можен терористички напад во Северна Македонија.

Засега нема информации дали станува збор за група или поединци поврзани со претходно уапсените македонски државјани припадници на ИСИС во Македонија и во Сирија и Ирак  во акциите „Ќелија“.