ГОБ „8-МИ СЕПТЕМВРИ“: НА ЈАНАКИЕСКИ НЕ МУ СЕ КОНСТАТИРАНИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ

Од ГОБ „8-ми Септември“ попладнево потврдија дека кај нив бил примен поранешниот министер Миле Јанакиески, кој учествувал во инцидент во затворот „Скопје“ во Шутка, но оти не му биле констатирани телесни повреди.

-Во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди, се вели во соопштението од болницата.

Од ГОБ „8-ми Септември“ апелираат јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации. На Јанакиески синоќа му беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април“. За истиот случај притвор доби и поранешниот министер Спиро Ристовски, кој според информации од затворот исто така учествувал во инцидентот но не се пожалил на повреди.- јавува тв 24