Прилепчанец го фрлал кокаинот од колата бидејќи го бркала полицијата

На 20.02.2019 полициски службеници од СВР Битола, Оделението за недозволена трговија, надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп – одделение за недозволена трговија, во содејство со Единицата за недозволена трговија при оделението за крим полиција при Бирото за јавна безбедност Скопје го лишија од слобода Д.Д. (36) од Прилеп, кај кого е пронајден кокаин. На бул. „Александар Македонски“ во Прилеп при обид да биде сопрено возило, возачот Д.Д.(36) од Прилеп се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла кокаин. Потоа го сопрел возилото и продолжил да бега, при што прескокнувајќи ѕид се здобил со повреди. По преземени мерки, лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава.- соопштуваат од МВР