НИНЏУЦУ КЛУБ ОД ТУРНИРОТ ВО СРБИЈА ВРШАЦ , ВО БИТОЛА СЕ ВРАТИЈА СО 11 МЕДАЛИ!!!

Вршац 4 Србија, традиционален балкански турнир за Бразилска Џиуџицу, на овој турнир учествуваше и битолскиот клуб Нинџуцу, еве ги постигнувањата:

Претставувајќи ја нашата Македонија, нашата Битола и Pound for Pound team се враќаме дома со 11 медали од Србија Вршац во конкуренција на школи од Србија, Романија, Босна и ние од Македонија во Бразилска Џиуџицу- велат од клубот.

Тимот на Нинџуцу клуб имаше на овој турнир одличен настап, со многу добри борби, демонстрации на добри техники а пред се позитивен тимски дух кој ги води напред до сите успеси

Голема благодарност до нашите спонзори кои помогнаа во дел од нашата авантура и искуство, голема благодарност до нашите БЏЏ ментори #Sergio #Canudo #Zimerman и #Ben #Schötofer и секако нашите фанови и сите оние кои подржуваат нашиот клуб да оди напред.- истакнуваат од Нинџуцу клуб.