ВИДЕО: Нови протести во Грција против Преспанскиот договор – Повредени четворица полицајци !

За време на протестите на помала група граѓани против преспанскиот договор, повредени се четворица полицајци и еден демонстрант во грчкиот град Птолемаида.

До судир помеѓу полицијата и демонтрантите дошло додека грчката министерка за цивилна заштита, Олга Геровасили, присуствувала на состанок во градот.

Полицијата употребила солзавец, а повредените биле префрлени во болница.