Работник паднал од скеле на Градскиот стадион во Битола и починал

Околу 11.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на Градскиот стадион во Битола, при изведување градежни работи на објект во изградба, 58-годишниот Д.Д. од село Црнобуки, битолско, паднал од скеле на бетонска подлога.

Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди,  а во 19.30 часот починал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.