Струмица: Мајка го родила па го фрлила новороденчето во полско WC !

Пронајдено е бебето на 19-годишната тинејџерка од струмичко која се породила дома. „Фокус“ дознава од неофицијални информации од истрагата дека новороденчето било фрлено во јама во полско ве-це.

Лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување, ве известуваме дека е направен увид од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденче.

По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска. По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.