Голем пад на породувањата во битолската болница

Статистиката на битолската болница покажува намалување на наталитетот за минатата година.

-Во 2016 година имало 937 раѓања во Клиничка болница Битола , во 2017 година имало 1097 раѓања, додека во 2018 година имало 765 раѓања. Во првите два месеца од 2019 година има 109 раѓања, намален е наталитетот, истакна денеска Сузана Конеска, портпарол на клиничка болница Битола.

Според општата статистика за последниот квартал од 2018-та, бројот на починати е поголем од бројот на родени лица во Битола. Се родиле 203 бебиња, додека бројот на починати е 295, од кои едно новороденче.

изворfaktor.mk