МВР проверува колку полицајци се дрогираат

Во осумте сектори за внатрешни работи во МВР започна систематска контрола на полицајците.

Првични резултати, неофицијално зборуваат за осомничен полицајци за користење дрога. Извори од Министерството за внатрешни работи истакнуваат за Алсат дека систематските контроли завршиле во Тетово и во Охрид, додека во Струмица е пред крајот, објави Алсат.

Контролите не завршиле во Куманово, Велес, Штип и Битола, а по завршувањето во секторите од горенаведените градови, контролите ќе започнат и во Скопје. Алсат дознава дека по систематските контроли, осомничените полицајци за користење наркотици ќе подлежат на судски вештачења.

Ако судското вештачење констатира дека полициските службеници користеле наркотици, МВР ќе донесе одлука согласно Закон или отпуштање од работа. Како што се соопштува, истрагата ќе се прошири и на откривање на каналите од каде се обезбедува дрогата.

Неофицијално, постојат сомнежи за мали количини на дрога запленета од активни корисници или и од соработката на полицајците со шверцерите.

Систематската контрола на физичката, здравствената и психичката состојба на полицајците е регулирана со колективен договор.

Полициските службеници се обврзани на секои 24 месеци да подлежат на детални прегледи, а една годишно на психичка контрола. Меѓународните пракси покажуваат дека полицајците се обврзани систематска контрола да вршат на секои шест месеци.