По скандалот објавени финалните резултати – еве кој доби пари од Министерството за култура

Министерството за култура на својата веб-страница ги објави финалните резултати од годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2019 година. Повторното разгледување на пријавите следуваше откако во јавноста културните работници и професионалци жестоко ја критикуваа распределбата на средствата, при која според одредени апликанти кои не добија средства биле фаворизирани проекти блиски на структурите на власт.

Од министерството потсетуваат дека рокот на жалба е 15 дена од денот на приемот на решението, но жалбата не го одлага извршувањето.

Еве кој доби пари од министерството за култура.