Центарот на Битола како во 19 век – срамота

Улицата “Климент Охридски” во Битола, веќе осум месеци стои раскопана. Улицата се наоѓа кај Битолскиот “Водовод” и се спојува со популарното Битолски корзо, во самиот центар на градот.

Револтираните жители од оваа улица, но и случајните минувачи се пожалија на нашиот репортер, кој и самиот беше сведок на огромната прашина која се дига, после секое минување на возило, или при ветер.

-За нас овде навистина веќе нема живот. Ова е неподносливо, како да живееме во 19 век. Кога ќе заврне газиме по кал, бидејќи ги раскопаа и тротоарите, а кога е суво дишеме прашина, вели сопственик на куќа на споменатата улица.

Граѓаните велат дека се обратиле до општината и од таму добиле одговор дека градоначалничката го раскинала договорот со изведувачот, поради незавршување на работите во предвидениот рок.

ФОТО: Балкан

-Го добивме ова образложение од општината и дополнително се вознемривме. Значи ли ова дека сега ќе треба да чекаме уште осум месеци, или неколку години општината да се тужу со изведувачот, па потоа да избере нов?

Односно, што не интересира нас граѓаните за споровите на општината. Градоначалничката нека ни ја направи улицата, па нека си тера спорови потоа колку сака. Гледате, цела улица е со огромни дупки, ги искршивме возилата, покрај тоа што дишеме прашина и газиме кал во 2019 година, во центарот на некогаш конзулскиот град, Битола.

Центарот на Битола како во 19 век

Публикувахте от Галама в Понеделник, 11 март 2019 г.

извор balkan.mk

П.П.