Тешка сообраќајка во Битола, едно лице го загуби животот

Битолчанец починал вчера во сообраќајна несреќа информира МВР. Имено вчера околу 06:50 часот на локалниот пат село Кукуречани – село Драгожани, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило со битолски регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот М.Ш. од село Секирани, битолско. Во незгодата починал М.Ш.. Увид извршила екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.