ОЈО: Главна причина за автобуската несреќа е недозволена брзина и неисправност на сопирачките

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев  на прес-конференција ги презентира информациите за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци.

Шест лица меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс” и возачот на автобусот се приведени во врска со сообраќајната несреќа кај скопско Ласкарци

Според Рајчев главна причина  за несреќата е недозволена брзина и неможноста возачот  навреме да реагира, но и неисправноста на уредот за сопирање. Според вештите наоди рече Рајчев, евидентирани се кочења, но откако возачот ја поминал заштитаната ограда.

Инаку и во јули 2018 биле евидентоирани недоследности во уредите на сопирачки на овој автобус, но сепак му било издадено одобрение за исправност.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс” со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.