„Некст Тајм“ го „срушија“ YouTube: За 24 часа над 250.000 прегледи

Музичкото дуо “Некст Тајм” синоќа во Драмскиот театар ја промовираа својата најнова преработка на песната “Нешто ќе те питам бабо”.

Песната која доцна синоќа беше објавена на официјалниот канал на “Некст Тајм” доживува невидена популарност, па за нешто повеќе од 12 часа, песната забележа 111.000 прегледи, нешто што ретко некому му успева на македонската музичка сцена.