Обвинетите во Транспортер денеска треба да седнат на обвинителна клупа

На обвинителна клупа денеска,  треба да седнат  обвинетите во предметот „Транспортер“.

Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица во овој случај се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.