Во моментот има активен пожар кај селата Прељубје и Покрвеник-Битолски регион

Во моментот има активен пожар кај селата Прељубје и Покрвеник.- Перово место викано Вича. Гори сува трева и трска, и неколку овошни насади, опожарена е површина од околу 50 хектари. Ангажирани се ТППЕ-Единица и ренџерска служба како и лица од месното население.
Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан-м.в. Кале се движи према село Отешево, а опожарено е околу 70 хектари, гори сува трева и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенираат лица од Национален парк Галичица, и пожарникари од ТППЕ-Ресен. Ограничено е гасењето од земја од причина , што има остатоци од експлозивни средства од Првата светска војна.

Еве каде на други места денес има активни пожари  на отворен простор до 13.00 часот.

Скопски регион
Во место викано Љуботенски бачила зафатена е поголема површина на нискостеблеста дабова шума и трње, а во моментот дува силен ветер и го шири пожарот кон м.в. „Башинец“. Теренот е непристапен, и побарано е да дејствуваат авионите на ДЗС.
На лице место се упатени припадници на шумско стопанство Караџицa.

Тетовски регион
Пожарот кај с.Лакавица, општина Желино е сеуште е активен. Од ЕЛС Желино е испратено и писмено барање до ДЗС Тетово за употреба на канадерите за интервенција за гасење на пожарот кој е на тешко непристапен терен. Од пожарот се изгорени и 5 електрични столбови, а селата од тој реон се без електрична енергија , за што се информирани ЕВН од каде што се излезени екипи на терен за согледување на состојбата и интервенција и санирање на последиците.

Охридски регион
Во моментот има активен пожар во атарот на село Рамне во многу непристапен терен ,гори ниска деградирана шума и смрека. На гаснење на пожарот има вработени од ШС.Сандански.
Во општина Македонски Брод се интервенира на пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума. На гаснење на пожарот интервенираат вработени од ШС Сандански и од месното население.

Велешки регион
Активен пожар има во атар на с. Црешнево. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипа на ШС Бабуна и пожарникари од ТППЕ Велес.
Во општина Чашка има пожар во атарот на с. Богомила, екипа на ШС Бабуна интервенира со правење на заштитен појас .

Штипски регион
Во атарот на Саса м.в Трканица Владимирово има активен пожар каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума. Во гаснењето на пожарот интервенираа авиони од ДСЗ. На терен се ТППЕ Делчево, со вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички.

Кумановски регион
Во моментов има активен пожар во Општина Липково во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре, екипи на Шумско стопанство се на терен и делува во гасење на истиот.- известуваат од Центар за управување со кризи

фото илустрација