Лидерот на Христијанско братство Гроздановски е уапсен

СВР Тетово го уапси Жарко Гроздановски, „лидер” на организацијата „Христијанско братство“, кој со видеоснимка објавена на социјалната мрежа Фејсбук му се закануваше на премиерот Зоран Заев и на сите останати членови на владата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР велат дека вчера во 19 часот и 50 минути во Тетово е уапсено 46-годишното лице Ж. Г. Од селото Брвеница, Тетово, кое околу 15 часот на социјалните мрежи, објави видео со заканувачка содржина. По целосното расветлување на случајот, против него ќе биде поднесена тужба.

Ова е спорното видео пласирано на Фејсбук:

Публикувахте от Христијанско Братство Првенец в Четвъртък, 28 март 2019 г.