НСП денеска со прес пред МВР:Достоинството пред се! ДОСТА Е!!!

Независниот полициски синдикат денеска напладне ќе одржи прес пред МВР, ви го пренесуваме интегрално писмото кое ќе биде доставено до Министерот од страна на претставници на НСП на денешниот прес

интегрален текст

Независниот Синдикат на Полицијата повеќе нема трпение и решен е да се бори со
сите средства против се појасниот ХАОС кој се случува во МВР. Ништо нема да не спречи да
го искористиме најдемократскиот начин на изразување и прикажување на се она што е
нефункционално во самото Министерство. Свесни сме дека нашите реакции и пресови се
болка поради која немирно спиете и веднаш после истите лични Вие барате средби со нас
кои за жал остануваат вечна тајна која сме должни да ја откриеме.
Доста е!
Почитувани,
Во недостиг на институционална соработка со Министерството, Независниот синдикат
на полицијата е приморан на ваков начин да ги изложи состојбите во кои се наоѓа полицијата.
Имено, да почнеме од она што претставува прва ударна бригада во државата како од
безбедносен аспект, така и од аспект на угледот на државата ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА.
На раб на егзистенција, комплетно изолирана, без никаква комуникација со други
служби, без струја и вода, со позајмена униформа кој како се снашол : „Чешки панталони,
Словачки дотраени чизми кои откако ги презентиравме ги „скривте“ и „Полски блузи“. За
личното вооружување постаро од 50 години и да не зборуваме. Што ќе ни се современи
возила кога немаме тендер за сервисирање на истите. Да не спомнуваме дека месеците
Јануари и Фебруари за истите немаше ниту гориво а против колегите кои јавно се дрзнаа да
го обелоденат овој проблем го употребивте најефикасното оружје на Чавков и Јанкуловска
до вчера и за Вас контроверзното Упатство за социјални мрежи.
Бидејќи поминаа скоро две години од Вашиот мандат може да заклучиме дека и Вие
продолжувате како и во изминатиот период од 15 години постоење на граничната полиција кој
за жал е преспан. Само едно прашуваме Кога ќе се разбудиме? Да бидеме разбрани: Што ќе
ни се каиши ако немаме соодветни панталони за гранична полиција.
Едно од клучните прашања кои Независниот синдикат на полицијата го засегаат а Вие
господин Министер упорно го игнорирате од причини познати само за Вас е
репрезентативноста согласно известувањето од месец Јуни 2018 година кое Ви го има
доставено Независниот Синдикат на Полицијата. НСП Ве извести дека постигна репрезентативност ПО СИЛА НА ЗАКОН врз основа на одредбите од Законот за работни
односи и веќе е РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ и не интересира одговорот кој од Вас
веднаш и неодложно јавно го очекуваме.
Во прилог на медиумите ќе им доставиме одговор под архивски број 08-2411/1 од
Секторот за политики од областа на трудовото право и политики за вработување при
Министерствоот за труд и социјална политика во кое јасно се гледа како и на кој начин
согласно закон еден Синдикат добива репрезентативност на ниво на работодавач. Истото ќе
Ви биде доставено и Вас бидејќи премногу очигледно е дека одредени структури од Вашиот
кабинет Ви пласираат лаги и невистини а сето тоа на Ваша штета. Со оглед на фактот дека
НСП го губи трпението за непревземање и непостапување по дадените инструкции ќе
побараме одговори доколку треба и правни разврски како од државниот инспекторат за труд а
воедно и од Народниот правобранител.
Господин Министер за погоренаведеното сме спремни и писмено ќе го известиме
Високиот претставник на Европската Унија и Советот на Европа кој го изготвува мислењето за
отпочнувањето на преговори за влез во Европската унија со цел на истите да им укажеме
дека во Министерството за внастрешни работи не се почитуваат ниту основните работни
права на вработените односно ќе го предочиме фактот дека Вие како Министерство не
почитувајќи ги законските прописи попречувате синдикално организирање стекнато по сила
на закон.
Господин Министер ние веќе од Вас не бараме писмени известувања и одговори.
Бараме веднаш да постапите по закон и јавно да не известите дека не приклучувате во
креирањето на новиот Колективен годовор за вработените во МВР. Секоја постапка надвор од
ова за нас е уште еден предизвик да докажеме дека правото и правдата пред судските органи
се докажуваат а ние сме тие кои ќе победат.
Доста е!

„ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО ВО ПОЛИЦИЈАТА“ е парола која не води и која Вам во
неколку наврати Ви беше понудено да ја прифатите, но до денес Вие господин Министер
не се одваживте прифаќајки ја да Ве запаметат како најдобар Министер.- стои во писмото од НСП упатено до Министерот на МВР