55 годишен маж уапсен поради подметнување на пожар

Поради основно сомнение за подметнување на пожарот кај селото Ботун уапсен е 55-годишниот Б. С. од истото село.

Се сомничи дека го предизвикал пожарот на отворен простор при што целосно изгореле електричен столб сопственост на евн и други предмети во приватна сопственост.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од полицијата.