И денес активните пожари дивеат на територијата на Македонија

И денес активните пожари дивеат на територијата на Македонија. Овој пат, на Дирекцијата за заштита и спасување и Специјализираната воздухопловна единица при ДЗС, им излегоа во поддршка Министерството за одбрана и Армијата на РСМ, со цел делување и справување со огнената стихија во Крушево. Дирекцијата за заштита и спасување уште еднаш испраќа апел за совесно однесување на населението и придржување кон забраната за движење во шуми и шумски подрачја со цел спречување на пожари во нив, како и активно вклучување на сите институции како на локално, така на централно ниво во заштита на шумите и природните ресурси на нашата земја.- велат од ДЗС