Измамена за огревно дрво 82- годишна битолчанка

На 02 април во СВР Битола, 82-годишна жена од Битола пријавила дека истиот ден околу 10.30 часот била измамена од непознато лице. Според пријавеното, во нејзиниот дом во Битола лицето и понудило огревно дрво по цена од 2500 денари заметар кубен. Таа му дала 10.000 денари, а тој требало за 20 минути да и донесе четири метри кубни огревно дрво. Лицето не се појавило подолго време и таа заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.